Во Маврови Анови утрово е измерена најниска температура од 7 степени под нулата. Следат Крушево со -6, -4 Охрид, -3 Претор, -2 во Крива Паланка, Тетово, Битола и Берово, -1 во Прилеп и Дебар, 0 Виница, Куманово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 3 Демир Капија, Струмица, 4 Дојран и 5 степени Гевгелија.
Во Маврови Анови во 7 часот е измерена и највисока снежна покривка од половина метар, 26 сантиметри во Крушево, 25 Попова Шапка, 24 Пожаране, 18 Битола, 10 Охрид, 9 Ѓуриште, 8 Дебар, 4 Берово, Прилеп, 3 Претор.
За изминатите 24 часа најмногу дожд од 25 во л/м2 има наврнато во Маврово, 21 Дебар, 17 Битола, 15 Охрид, 14 Пожаране, 13 Виница, 8 Претор, Крушево, 7 Берово, 6 Кр.Паланка, Струмица, Д.Капија, Дојран, 5 Прилеп, Тетово, 4 Штип, 3 Скопје-Петровец, Куманово, 2 Скопје-З.Рид, Гевгелија.