Русија е отворена за дијалог со Украина под услов Киев да ги прифати „новите територијални реалности” настанати по руската офанзива, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Во телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Путин „повтори дека Русија е отворена за сериозен дијалог – под услов властите во Киев да ги почитуваат добро познатите и постојано изнесени барања и да ги земат предвид новите територијални реалности”, се вели во соопштението на Кремљ.
Анкара претходно денеска објави дека Ердоган го повикал Путин да прогласи „едностран прекин на огнот” во Украина.
„Повиците за мир и преговори меѓу Москва и Киев треба да бидат поддржани со едностран прекин на огнот”, соопшти турското претседателство.