Од ЗНМ реагираат за набавката за скапата кампања за ОБСЕ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на постапката на Министерството за надворешни работи, кое преку претходно спроведена јавна набавка, инвестира средства на граѓаните за кампањи во приватни медиуми за промоција на претседавањето со ОБСЕ.

Како што посочуваат од ЗНМ, според јавно достапните информации МНР ќе потроши околу 100.000 евра за промотивни активности поврзани со претседавањето со ОБСЕ, за што е склучен е договор со приватна маркетинг компанија.

„Потсетуваме дека ваквата постапка од страна на МНР директно е во спротивност со претходна владина одлука од 22 август 2017 година со која практично се става мораториум на владините реклами во приватните медиуми. Оваа одлука, која ја надополнува активната законската забрана за владини кампањи, им укажува на сите органи на државната управа како и на единиците на локалната самоуправа да престанат да се рекламираат во комерцијални телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали и слично“, наведуваат од ЗНМ.

Оттаму алармираат дека праксата за плаќање на владини кампањи во медиумите со пари на граѓаните, освен што е незаконска и во спротивност со претходни владини одлуки, истата може да ги поттикне и останатите јавни институции да ја применуваат, со што дополнително би се нарушил кревкиот медиумски пазар.

„Оваа пракса на скап и селективен начин на откупување на медиумски простор преку владини кампањи не може да се смета како поддршка на медиумите, туку како обид за нивно корумпирање и истовремено за промоција на политичка пропаганда на штета на јавниот интерес“, се вели во соопштението.

Share This Article