Српскиот новинар и аналитичар Владан Радосављевиќ (62) почина откако го искасале кучиња скитници во селото Велика Иванча во општина Младеновац.
Како што пишуваат српските медиуми, Радосаваљевиќ престојувал таму во викендица со сопругата. Тој бил на прошетка кога го нападнале кучињата скитници. Медиумите пишуваат дека тој успеал да ѝ се јави на сопругата која се упатила кон него, но кога пристигнала го нашла осакатеното тело на Радосављевиќ и три крвави кучиња.
Во нападот на кучињата била повредена и неговата сопруга Олга (58), која се обидела да му помогне. Таа со возило на Брзата помош била пренесена во Ургентниот центар и е во тешка состојба.
Лекарите се обиделе да го реанимираат, но неуспешно.
Радосављевиќ беше новинар, како и основач на ПГ Мрежа. Едно време беше и извршен директор на Медиа центарот.