More

    САД: Минатата година полицијата уби најголем број цивили во модерната историја

    spot_img

    Податоците од организацијата „Mapping Police Violence“ за 2022 година покажаа дека полицајци убиле дури 1.176 луѓе, што е најголемата бројка што организацијата некогаш ја забележала.

    Самуел Синјангве, креаторот на проектот, рече дека бројката ги вклучува сите убиени од полицијата, или со истрели или со други средства.

    Според податоците на оваа организација, американската полиција во 2022 година убила 3,2 лица дневно, а во цела минатата година имало само 12 дена во кои немало пријавени полициски инциденти со смртен исход.

    Повеќе од една третина од жртвите биле убиени за време на рутински запирања во сообраќајот, проверки на менталното здравје и благосостојба или други ненасилни прекршоци.

    Сите три причини за полициско дејствување се во фокусот на реформите кои се бараат да се спроведат во неколку држави, имајќи предвид дека се покажа дека постојните правила на дејствување можат да бидат смртоносни за цивилите, особено за оние кои не се белци.

    Податоците на организацијата покажуваат дека црнците сочинувале непропорционален дел од полициските жртви минатата година, со 24 отсто од загинатите, и покрај тоа што сочинуваат нешто повеќе од 13 отсто од населението.

    Еден од тројца убиени од полицијата бегале од полицијата во моментот на нивната смрт, а Афроамериканците, Хиспанците, Индијанците и жителите на Пацифичките острови имаат 5 до 8 отсто поголеми шанси да бидат убиени додека бегаат или возат отколку белците.

    Најалармантен податок е бројот на полицајци кои биле одговорни за убиства. Иако некои од најпознатите случаи на полициска бруталност резултираа со пресуди во последниве години, вклучувајќи го и оној против Дерек Шовин во 2021 година, сè уште нема правни последици за повеќето полицајци.

    Според податоците, 98,1 отсто од полициските службеници одговорни за смртта на граѓани во периодот од 2013 до 2022 година не се соочиле со обвиненија.

    Помалку од 0,3 отсто од полицајците се осудени. Петте полициски одделенија во земјава со најмногу фатални инциденти се наоѓаат во некои од најгусто населените градови.

    Полициската управа во Лос Анџелес се најде на врвот на листата со 15 убиства минатата година, по што следи полициската управа во Хјустон со 14 и полициската управа во Њујорк со 13.

    Полицијата во Албакерки и Феникс уби 11, односно 10 луѓе.

    Додека 2022 година беше рекордна година, податоците покажуваат дека полициското насилство е во пораст низ САД од 2019 година.

    Таа година полицијата уби 1.140 луѓе, само пет фатални инциденти помалку од рекордот поставен во 2018 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img