Девет атоми на молекулата диметил етер се препознаени со телескоп во далечна галаксија и тоа во ѕвездената прашина од планета која штотуку се формира, велат наоди објавени во списанието Astronomy&Astrophysics. Планетата, која допрва треба да нарасне, се наоѓа во кругот на ѕвездата ИРС 48, а откритието ќе ни разјасни нешта околу потеклото на самиот живот на нашата планета, Земја, пишува ИФЛ Наука.
„Од овие резултати, можеме да дознаеме повеќе за потеклото на животот на нашата планета и оттука да добиеме подобра идеја за потенцијалот за живот во другите планетарни системи. Многу е возбудливо да се види како овие наоди се вклопуваат во пошироката слика“,