Бесплатни кондоми сега се достапни за помлади од 26 години во француските аптеки, како дел од кампањата што францускиот претседател Емануел Макрон ја нарече „мала револуција во превентивната здравствена заштита“.
Новата здравствена стратегија, насочена кон спречување на ширењето на сексуално преносливите болести меѓу младите во Франција, стапи на сила на Нова година, а Макрон ја објави еден месец порано. Првично беше наменет за оние на возраст од 18 до 25 години, но подоцна беше проширен и на малолетни лица.
Итна контрацепција, исто така, ќе биде достапна бесплатно за сите жени без рецепт од 1 јануари, изјави во понеделникот владиниот портпарол Оливие Веран.
Од 1 јануари 2022 година, Французинките помлади од 26 години веќе имаа пристап до бесплатна контрацепција. Ова вклучуваше консултации со лекарите и медицинскиот персонал, како и медицински процедури поврзани со избраната контрацепција.
Последните мерки доаѓаат откако здравствените власти процениле дека стапката на сексуално преносливи болести во Франција се зголемила за околу 30 отсто во 2020 и 2021 година, пренесува Ројтерс.
„Тоа е мала револуција во превентивната здравствена заштита. Од суштинско значење е нашите млади луѓе да се заштитат за време на сексот“, рече Макрон во декември.