Македонија осма во светот според количината фрлена храна

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Податоците на специјализираните агенции и статистички институции, покажуваат дека Македонија е на осмото место во светски рамки според количината фрлена храна според бројот на жители. Околу 30 отсто од храната произведена или увезена во Македонија никогаш не се консумира.

Секој поединец во земјава, според Извештајот за индексот на фрлена храна на ОН, во просек фрла околу 83 килограми храна годишно. Процените се дека фрламе меѓу 10 и 12 илјади тони храна со кои може да се обезбедат по три оброка дневно за 26.000 граѓани, а вкупните вишоци надминуваат 100.000 тони.

Според податоците на Обединетите нации, околу милијарда тони храна во светот секоја година завршуваат во ѓубре. Дури една третина од целата храна произведена на глобално ниво се губи или се фрла. Околу 61 отсто од храната која се фрла е од домаќинствата, 28 проценти од ресторани и 13 од маркети.

Храната што се фрла и се троши залудно е повеќе од доволна за да се нахранат сите гладни во светот. Според податоците на Светската здравствена организација и на Агенцијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), од глад или болести поврзани со недостиг на храна, годишно во светот умираат 9 милиони луѓе, од кои една третина се деца, а половината се под петгодишна возраст.

Со тешкотии во пристапот до храна или потхранетост се соочуваат 860 милиони луѓе во светот, пред сè во Африка и во Азија. Две милијарди имаат недостиг на витамини и минерали, а милиони деца страдаат од смртоносни форми на недоволна исхранетост.

Share This Article