Јапонскиот ММА борец Нобумитсу Осава излезе сосема гол на бината за мерење пред дуел меѓу Јапонската федерација за мешани борешки вештини Ризин и американската Белатор. Публиката и новинарите беа изненадени.
Осава на натпреварот се појави како замена за повредениот бразилец Луиз Густаво и на мерењето излезе угол гол. Со себе имаше само тацна со која ги покриваше гениталиите.
Неговиот противик, поранешниот УФЦ борец Џони Кејс, прво беше изненаден од потегот на Осава, но потоа ја прифати „играта“ на Јапонецот и се насмеа.