Џоан Колинс на 90-годишна возраст позираше за социјалните мрежи во горен дел со леопард принт, а ѝ се придружи и нејзиниот петти сопруг Перси Гибсон, кој е 31 година помлад од неа.
89-годишната Џоан ја покажала својата завидна фигура во едноделен костим за капење со леопард принт, додека на лицето имала шминка и очила за сонце, а косата ја собрала во висока пунџа. Друштво ѝ правел нејзиниот 58-годишен сопруг Перси Гибсон, со кој е во среќен брак во последните 20 години.
„Имав прекрасен Божиќ во Беверли Хилс, можев да пливам и имав прекрасен ручек“, напишала Џоан покрај објавата.
„Изгледаш одлично и среќно“, „Како да не старееш“, „За неа годините се само бројка“, „Секси засекогаш“, „Убава“, „Секогаш убава“, „Така е“, „Јас отсекогаш ти се восхитував. Екслузивна, убава“, ја пофалиле нејзините следбеници во коментарите.
Џоан и Перси се запознале во 2002 година во театар, а холивудскиот продуцент, кој е 31 година помлад од актерката, е нејзиниот петти сопруг.
Џоан има две деца од вториот брак, Тара и Александар, додека со третиот сопруг Рон ја добила ќерката Катјана Кас.
Во август, во интервју за магазинот „Сага“, таа признала дека сѐ уште мисли за себе како 40-годишна жена и на тој начин ја открила тајната на нејзината убавина, тврдејќи дека годините се неважни бидејќи нејзиниот фокус е на тоа како изгледа и како се чувствува.
На почетокот на годината Џоан ја прослави 20-годишнината од бракот со Перси, а во таа прилика го пофалила и додала дека е многу среќна што го има во животот.
„Тој се грижи за сè. Се грижи за моите деца и за сите наши финансии. Тој е љубовта на мојот живот. Тоа е одличен брак и одлична врска”, рекла Џоан.