Нема закон што ќе направи 36.000 Руси легално да влезат во САД

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Повеќе од 36.000 Руси пребегале во САД годинава споредено со лани, а тоа се должи на фактот дека многумина од нив сакаат да ја избегнат мобилизацијата која ја распиша Владимир Путин. Но, неговиот колега Џо Бајден не може да направи овие мигранти легално да влезат во САД, бидејќи претставниците од неговата партија не успеаја да изгласаат укинување на политиката за мигранти од времето на Доналд Трамп, наречена Иницијатива 42, пишува Њузвик.

Русите пред портите на САД се голем проблем за рејтиног на Бајден. Вкупно 36.271 Руси биле затекнати годинава. Иницијативата 42 е направена за да ги држи надвор илегалните мигранти, најмногу од Мексико, но е често критикувана бидејќи им го отежнува патот до документи на оние кои бараат азил по легален пат. Што ќе прават сите овие Руси?

Бајден  има „криза“ на границата уште од почетокот на неговата администрација. Набргу откако ја презеде функцијата, институциите објавија дека имале скоро 200.000 средби со мигранти долж границата со Мексико во јули 2021 година, што е највисок месечен вкупен број во последната 21 година.

Имиграцијата, исто така, останува главна грижа за американските граѓани, четврта на списокот на анкетата што ја направи агенцијата Галуп. Прв проблем на списокот е владата, па високите трошоци за живот и инфлацијата, а на трето место е економијата.

Share This Article