More

    Жителите на Киев рано утринава повторно ги слушнаа сирените за воздушен напад

    spot_img

    Жителите на Киев рано утринава повторно ги слушнаа сирените за воздушен напад. Сирените повикуваат граѓаните да се упатат кон засолништата. Нешто по 02:00 часот, градската управа на Киев објави предупредување на својот канал на апликацијата за пораки Телеграм за сирените за воздушни напади и ги повика жителите да се засолнат.

    Сведок на Ројтерс на 20 километри јужно од Киев слушнал неколку експлозии и звук од противвоздушен оган. Новиот напад се случува откако вчера Русија испали повеќе од 100 гранати во неколку серии врз Киев и неколку други украински градови.

    Олексиј Кулеба, гувернерот на Киевската област, на Телеграм изјави дека е во тек „напад со дронови“, а неколку часа подоцна тој рече дека нападот бил насочен кон инфраструктурата и дека нема жртви.

    Кулеба на Телеграм напиша: „Ноќен напад со маченички беспилотни летала. Русија повторно ги гаѓаше нашите инфраструктурни објекти. Силите за воздушна одбрана ги одбија беспилотните летала. Претходно немаше удари. Службите за итни случаи работат на местото на несреќата“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img