Легендарната српска пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ доживеала тешка несреќа кога ги скршила двете раце.
Имено, таа кога излегувала од зградата во која живее во Нов Белград, се сопнала од јажето на влезните скали и паднала.
„Слаѓана, како и другите станари, не знаела дека еден од нивните соседи врзал јаже во близина на влезните скали, не го очекувала тоа и затоа не обрнувала внимание кога поминувала. Симнувајќи се по скалите таа се сопнала и паднала. Скалите се многу стрмни и насекаде има бетон, така што не е чудно што се здобила со скршеница на двете раце“, рекол изворот, додавајќи дека Милошевиќ морала да носи гипс неколку недели.
„Закрепнувањето беше многу долго и болно, сè уште не е завршено, но сега е подобро отколку што беше. Слаѓана храбро се справува со тоа и самата помина низ сѐ. Носеше гипс речиси седум недели, но неодамна лекарите ѝ го извадија и сега постепено може да се врати во нормален живот“, рекол соговорникот, пренесува „Блиц“.