Директорот на БЈБ Сашо Тасески оствари работна средба со амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
„Денеска, заедно со Министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски остваривме работна средба со новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Анџела Агелер.
На почетокот на средбата и посакавме добредојде на амбасадорката Агелер посакувајќи и успех на функцијата и изразувајќи благодарност на поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави години наназад и ја дава на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите и сите процеси кои се спроведуваат преку проектите наменети за полицијата.
Како приоритети на кои Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е целосно фокусирано изминатиов период и во периодот што следи, заедно со министерот Спасовски ги посочивме: борбата против организираниот криминал и корупција, компјутерскиот криминали, миграцијата и борба против тероризмот. Сите овие поставени цели на ниво на МВР успешно се спроведуваат и реализираат, а резултатите постигнати на тој план се на високо професионално ниво.
На средбата исто така посочивме дека како до сега, така и во наредниот период ќе продолжиме да работиме на интензивирање на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Владата на САД преку Амбасадата на САД во Скопје„објави директорот на БЈБ Сашо Тасески на неговиот фејсбук профил.
Share This Article