More

    Џонсон со остра порака по бомбардирањето на болницата во Мариупол

    spot_img

    Британскиот премиер Борис Џонсон  го осуди на Твитер денешниот бомбашки напад врз детска болница и породилиште во Мариупол.

    „Има малку работи што се порасипани отколку да се напаѓаат  ранливите и оние без одбрана“, напиша Џонсон во твитот.

    Тој кажа дека Велика Британија истражува како да обезбеди поголема поддршка за Украина во одбраната од воздушни напади.

    Ќе се погрижиме Путин да биде одговорен за неговите ужасни злосторства“, додаде Џонсон, кој на хаштагот на твитот додаде „Путин мора да не успее“.

    Градскиот совет на Мариупол соопшти дека во денешното руско бомбардирање била уништена детската болница.

    „Руските окупаторски сили фрлија повеќе бомби врз детска болница. Уништувањето е огромно“, јавија градските власти поткрепувајќи го кажаното со водео снимка.

    Со итна реакција се јави и претседателот Володимир Зеленски.

    „Мариупол. Директен погодок на руските сили врз породилиште. Децата се под урнатини. Злосторство! Уште колку светот ќе биде учесник и ќе го игнорира овој терор? Затворете го небото сега! Запрете го убивањето! Имате моќ, но, се чини, дека ја губивте човештината“, порача Зеленски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img