More

    Владата нема да дозволи ценовен шок за населението и за малите потрошувачи на електрична енергија

    spot_img

    Владата нема да дозволи ценовен шок за населението и за малите потрошувачи на електрична енергија, што се потврди со цените на струјата што денеска ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика, порача вечерва премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Македонска радио телевизија (МРТ).

    Ковачевски посочи дека од 1 јануари, цената на електрична енергија кај домаќинствата за првиот за вториот блок се намалува, а само ќе се зголеми цената на третиот и четвртиот блок.

    – Во четвртиот блок има зголемување на цената, но таму се граѓани и семејства кои трошат поголеми количини на енергија, кои загреваат поголеми површини, дел од нив загреваат и базени во текот на зимскиот период. Тие можат да си дозволат да имаат таква потрошувачка – рече премиерот Ковачевски.

    Намалување на цената за 20,15 отсто, како што кажа, има за малите потрошувачи на електрична енергија, односно за 72.000 мали и средни претпријатија кои вработуваат 98 отсто од работниците во земјава.

    Ковачевски најави дека и во 2023 година ќе продолжат субвенциите за справување со економската и енергетската криза, за што, како што рече, во Буџетот има одвоено 250 милиони евра.

    – Најголем дел од тие финансиски средства се за субвенционирање на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, за средните и основните училишта. Исто така тука се и индустриските капацитети кои работат на производство на основни прехранбени производи, а целта ни беше да го смириме порастот и да ги намалиме цените на основните прехранбени производи на пазарот, што и се случува во маркетите – истакна Ковачевски.

    За субвенциите кои ги пишува во сметките за струја рече дека се можност граѓаните да имаат увид каде се трошат парите од Буџетот, но и дека се поттик за граѓаните за уште поголемо штедење.

    – Секое поголемо штедење на електрична енергија значи и помала потреба за субвенција од страна на Владата. Во изминатите месеци откако ги воведовме препораките за штедење на електрична енергија институциите и министерствата во надлежност на Владата имаа во просек 20 отсто заштеда на електрична енергија. Домаќинствата во скапа тарифа со воведувањето на блоковите и со воведувањето на ваков тип на информации во однос на заштедата на електрична енергија имаат остварено заштеда од 16,5 отсто во однос на минатата година – нагласи премиерот Ковачевски во интервјуто за МРТ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img