More

    Aко е потребно ќе ги замрзнeме цените на одредени производи и ќе креираме мерки за помош на најранливите категории граѓани и по март следната година кога истекуваат постојните

    spot_img

    Aко е потребно ќе ги замрзнeме цените на одредени производи и ќе креираме мерки за помош на најранливите категории граѓани и по март следната година кога истекуваат постојните, бидејќи граѓаните заслужуваат да се однесуваме етички и солидарно, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на коментарите дека досегашните мерки на владата за намалување на растот на цените не дадоа резултат.

    – Иако се залагам за целосно либерализирана пазарна економија, ако е потребно ќе ги замрзнеме цените бидејќи граѓани заслужуваат да се однесуваме етички во овие моменти солидарно кон заедничкото справување со кризата.Веќе ги имаме првите резултати на враќање на одредено ниво на цени на основните прехранбени производи. Лично не сум задоволен од брзината на која рагираат сите. И наредната година ќе биде период на криза – рече Битиќи.
    Тој смета дека во однос на енергетиката се направени поместувања.

    – Ме радува тоа што ЕСМ гарантира дека следната година производството на струја не само што ќе биде зголемено туку ќе се врати во најдобрите години од пред 20 години можеби кога тоа не се случило некогаш во нашата држава и сето тоа во кризна година и затоа мислам дека секое едно поместување на цените и 1 отсто некогаш за одедени категории на граѓани боли, за најранливите ќе креираме мерки за да им помогнеме да се справат. Активни се мерките кои ги воведовме. Ќе продолжиме и од март кога истекуваат, да креираме нови мерки за најмалку да го осетат најранливите категории граѓани евентуалното зголемување на цени – рече Битиќи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img