Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го одработи првиот тренинг по пристигнувањето во Австралија. Ѓоковиќ, кој моментално е петтопласиран во светот, се подготвува за турнирот во овој град кој започнува в недела.
Организаторите на Австралија опен објавија фотографии од Ѓоковиќ со коментар: „Подготвени за тениско лето“. Ѓоковиќ пристигна во Аделаида и го започна својот прв тренинг“. Титулата на АТП турнирот во Аделаида ја брани локалниот тенисер Танасис Кокинакис.
На турнирот во Аделаида покрај Ѓоковиќ ќе настапат и Данил Медведев, Феликс Огер-Алиасим, Андреј Рубљов, Јаник Синер, Денис Шаповалов и Карен Хачанов. По турнирот во Аделаида, Ѓоковиќ ќе настапи и на Австралија опен, кој е закажан од 16 до 29 јануари следната година.
Ǵokoviḱ go