Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул се одрази на неодамна завршеното Светско првенство во Катар.
Германскиот стручњак смета дека триумфот на Аргентина, која во финалето по пенали ја совлада Франција е целосно заслужен.
„Им честитам на Аргентинците од се срце. Го заслужија златото, финалето беше посебно. Кога ќе видите како славеа играчите и целата земја, знаете дека вистинската екипа го освои златото. Среќен сум за нив, долго го чекаа. Најдобриот фудбалер на моето време успеа да стигне до целта“, изјави Клоп.
Стратегот на Ливерпул беше импресиониран од настапите на Меси во Катар.
„Тој е најголемиот што сум го видел да игра фудбал. Тој игра одлично на 35 години и на сите ни покажува колку долго големите фудбалери можат да играат на највисоко ниво. Никогаш не треба да се отпишуваат прерано“.