More

    Со куси обуки ќе излезете како врвен мајстор од Академија Леонтиќ

    spot_img

    Центарот за обука Академија Леонтиќ организира обуки за повеќе услужни дејности, кои се мошне барани дома, но и во странство. Голем број од кандидатите кои ги завршиле овие обуки работат во салони за убавина низ целиот свет.

    – Интересот за доквалификација или преквалификација отсекогаш постоел, кратките обуки секогаш биле актуелни. Младите најчесто се запишуваат на некоја од обуките поради тоа што некоја услуга е во тренд, или од љубов кон работата или поради заминување во странство – вели Васка Леонтиќ, сопственичка на овој Центар.

    Денес има огромен интерес за дејности за разубавување, а во странство има дефицит од ваков кадар. Најлесно се добива виза за работа во странство со сертификат од услужни дејности, додава таа.

    Обуките се избираат од практични причини, но и како резервна опција. Студенти, на пример, се заинтересирани за обуки кои траат од една до три недели. Такви се обуките за надградба на нокти, маникир, педикир, масажа, шминка, и тие се наменети за кандидати од 18 до 28 години.

    – Многу млади луѓе сонуваат да работат во странство во престижни салони за убавинаСе гледаат себе во високата мода. За жал, некои кандидати сакаат што побрзо да ги завршат обуките, не сакаат да посетуваат салонска пракса, туку само теорија и обука на кукли. Работата со клиенти и комуникацијата со нив ги вознемирува и тој дел од обуката сакаат да го избегнат. Затоа, сега обуките се повеќе сконцентрирани на индивидуален пристап кон кандидатите– вели Леонтиќ.

    Секој кандидат подлежи на стручна проверка и квалификационен испит по што се утврдува која модуларна програма ќе ја следи. Центарот им помага на кандидатите и при апликација за виза, прибирање документација, им пишува препораки… Во секоја земја се бара да се исполнат различни услови. Некои земји, на пример, бараат кандидатот да има одреден фонд часови во салонска пракса со клиенти. Во европските земји, пак, поважни се сертификатот и добрата препорака.

    Во Центарот за обука Академија Леонтиќ најбарани се обуките што траат два семестра, односно 12 месеци. Нудат и осуммесечни обуки за кандидати на возраст од 18 до 28 години, а за оние кандидати кои што заминуваат да работат во странство има најкуси обуки од 1 до 3 месеци. Нудат обуки за фризери, козметичари, шминкери, масери, надградба на нокти, модни стилисти.

    Центарот за обука работи на повеќе европски проекти преку програмата Ерасмус +.

    – Благодарение на тие проекти научивме многу. Научивме како да привлечеме странски партнери и како да бидеме добри домаќини, вклучувајќи во обуката и културолошка и педагошка програма, посета на музеи и знаменитости, како да се претстави една земја која не е толку позната и која често им била претставена на кандидатите од странство, во лошо светло. И покрај сѐ, ние секоја година успеваме да привлечеме странски партнери и тие соработки да прераснат во долгогодишно партнерство. Научивме да бидеме флексибилни, подготвени и отворени за промени и да ги препознаваме различностите, да прифаќаме без предрасуди – вели Леонтиќ.

    Центарот за обука изминатите 5 години работи само како домаќин. Во една учебна година прима кандидати од 4-5 училишта на мобилност, а некои од нив им се партнери повеќе од 10 години.

    – Од септември годинава го отворивме салонот за пракса, кој е наменет за кандидати кои по завршувањето на обуката сакаат да работат во салонот за да стекнат искуство, па потоа да отворат сопствен салон или да се вработат кај друг работодавач – вели Леонтиќ.

    Таа посакува да направи некој моден спектакл, како што правела порано, но вели дека досега ниедно место не ѝ побудило интерес за таков настан.

    – Желбата постои, но сега критериумите и стандардите се построги ако се сака да се направи нешто поразлично и поинакво. Се стеснува кругот за избор на соодветна локација, а просторот е многу битен за каков и да е спектакл. Сите вредни локации кои важат за добри се премногу експлоатирани и поради тоа не се веќе уникатни. Се користат за секакви настани и што друго и да се организира потсетува на некој претходен настан. Сега сум во потрага по локација, што ми се чини најтешко, а потоа ќе треба да се осмисли добра кореографија – додава Леонтиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img