Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, 10 мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за возач почетник, 11 мерки за користење мобилен телефон при возење…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.