Јамајканско – американскиот уметник Џозеф Мерса Марли почина на 31-годишна возраст. Музичарот бил пронајден без реакција во возило во САД во вторникот, според стриминг сервисот TIDAL.
Џозеф, кој се нарекуваше со уметничкото име Џо Мерса, наводно страдал од астма цел живот, а радио станицата WZPP на Флорида тврди дека тој починал од напад на астма.
Тој е внук на легендарниот музичар Боб Марли и син на Стивен Марли. Боб почина од рак во 1981 година на 36-годишна возраст. Тој имаше 11 деца со седум различни партнерки.
Џозеф е роден во Кингстон, Јамајка во 1991 година и уште од мали нозе имал можност да порасне со најдобрата реге музика. На сцената првпат се појави на петгодишна возраст како дел од семејните концерти на семејството Марли.