Раперот Мик Мил платил кауција за 20 жени за да можат да ги поминат празниците во своите домови, објави „REFORM Alliance“, организација која ја покрена во 2019 година, пренесува „Си-би-ес њуз“.
Жените биле затворени во „Riverside Correctional Facility“ во Филаделфија и не можеле да си дозволат кауција, се наведува во Инстаграм објавата на организацијата.
Пет жени биле пуштени на слобода во саботата, а уште 15 ќе бидат пуштени следната недела. Секоја жена ќе добие и подарок картичка за „купување намирници или подароци за празниците“.
„Беше поразувачки за мене да бидам толку далеку од својот син во текот на празниците додека бев во затвор, така што разбирам низ што проаѓаат тие жени и нивните семејства. За семејствата на кои влијае правосудниот систем, празниците можат да бидат предизвикувачки“, рекол раперот.
„Никој не треба да ги помине празниците во затвор само затоа што не може да си дозволи плаќање кауција, а ниту едно дете не треба да биде без родителите во текот на тој период, ако можеме нешто да направиме по тоа прашање. Благодарен сум на приликата да им помогнам на овие жени да бидат со своите сакани во ова посебно доба од годината“, додал Мик Мил.
ФОТО: Инстаграм