More

    Косовски министер ги негира тврдењата на Вучиќ

    spot_img

    Изјавите дека Косово вовело состојба на готовност се целосно невистинити и се дел од пропагандата на двоецот Србија-Русија, напиша косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља на својот Фејсбук профил.

    „Косово нема агресивен пристап и освојувачки аспирации како Србија. Косово има за цел мир и стабилност, додека Србија има за цел дестабилизација и војна“, рече Свечља.

    Тој додава дека Србија е таа што ја подигнала состојбата на борбена готовност и „наредила да се постават нови барикади“, но, како што вели, „за да се заштитат криминалните групи на северот“.

    „Токму Србија, под влијание на Русија, ја подигна состојбата на воена готовност и нареди да се подигнат нови барикади, со цел да се оправдаат и заштитат криминалните групи кои ги тероризираат особено граѓаните од српска националност, кои живеат на Косово“, напиша Свечља на Фејсбук.

    Косовскиот министер рече дека нивните институции се во тесна координација со меѓународните партнери, кои работат на „решавање на ова прашање без каква било можна ескалација“.

    Тој го обвини претседателот на Србија дека, според него, сака „по секоја цена да ги оштети демократските вредности на Косово“.

    Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека Приштина ја подигнала борбената готовност. Тој во видео порака на Инстаграм го спомнува наводното вооружување на Албанците.

    Во интервју објавено денеска на порталот „Ослобоѓење“ со седиште во Сараево косовскиот премиер Албин Курти тврди дека неговата влада има начин да ги отстрани барикадите и предупреди дека нивното поставување е резултат на инструкциите што доаѓаат од Белград.

    – И политичките директиви и финансиите (на косовските Срби) доаѓаат од Србија. Имаме моќ да ги отстраниме тие 11 барикади што беа поставени пред две недели. Но, КФОР инсистира да им дадеме уште малку време – рече Курти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img