More

    Повеќе пари за матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите

    spot_img

    Од први јануари 2023 година ќе се зголеми вредноста на капитацискиот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00 на 75,00 денари, а за стоматолози од 48,00 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице, одлучи Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на последната седница, одржана вчера.

    Одлуката на Фондот за здравствено осигурување уследи по разговорите и преговорите со Лекарската комора и Стоматолошката комора.

    – Заложбите на Фондот се во насока на унапредување на статусот на избраните лекари во примарната здравствена заштита и потребата од нивно поголемо ангажирање во спроведувањето на претстојните реформи во ПЗЗ – велат од Фондот.

    Поради тоа, зголемувањето на капитацискиот бод, според ФЗОРСМ, има за цел да поттикне пружање повеќе здравствени услуги на примарно ниво, а со тоа намалување на бројот на упатувања на повисоко ниво на здравствена заштита, како и да поттикне и обезбеди подобрување на превенцијата со навремено откривање, спречување и сузбивање на незаразни заболувања кај населението во нашата земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img