More

    ПРВИОТ ЧОВЕК НА АНБ КОНЕЧНО РЕФЕРИРАШЕ ЗА ОНИШЧЕНКО

    spot_img

    Јас ја исполнив својата законска обврска да реферирам по однос на случајот „Онишченко“ пред Комисијата. Детално ги образложив фактите и докуменитте кои беа презентирани пред Комисијата. Со оглед на тоа што се работеше за сензитивна материја од строго доверлив карактер, не можам да дадам повеќе информации – изјави денеска Зарко Милошевски, директор на Агенцијата за национална безбедност, по седницата на Собраниската

    Денеска се одржаа две седници на оваа Комисија. Првата била поврзана со прашањето на Онишченко, а втората за информацијата која што опозицијата ја побарала од АНБ, за тоа што Агенцијата презела во врска со дојавите за бомби во училиштата и јавните објекти.

    – Во однос на случајот со Онишченко, денеска се појави директорот на АНБ, кој пред неколку дена се извини што претходно не можел да присуствува. Во нормална демократија, пратениците прашуваат, а директорите одговараат. Како членка на НАТО, транспарентноста кон народните избраници мора да биде на ниво и тоа нè прави да бидеме демократска држава. Таа седница беше затворена на степен на државна тајна, највисок степен на доверливост – изјави претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање Љупчо Пренџов по завршување на седницата.

    Тој рече дека од страна на директорот на Агенцијата на седницата биле презентирани определени активности што ги имала Агенцијата изминатиот период, односно од период кога новинарите ја открија аферата со Онишченко.

    – Генерално, добивме определени информации. Како претседател на на Комисијата, загрижен сум за тоа што АНБ, а и претходно со други имиња континуирано ги полни насловите на медиумите со негативности и сметам дека конечно мора да ставиме крај на тоа. Конечно таму мора да има ред, професионализам и да биде вистински чувар на државата – рече Пренџов.

    Тој додаде дека информациите што ги добиле денеска ќе бидат доставени набрзо до Владата.

    Инаку, украинскиот државјанин Онишченко кој се наоѓа на „црната листа” на САД, доби македонско државјанство. Владата по објавувањето на аферата, ја поништи одлуката за доделување на државјанство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img