More

    Протестираа соученици на убиениото момче

    spot_img

    Десетина ученици од средното стручно училиште „8 Септември” во Тетово денеска протестираа пред зградата во која се наоѓаат Основниот суд и Обвинителството, каде што денеска претпладне под строги мерки за безбедност беше донесена да даде исказ пред судија малолетната девојка осомничена за убиство на 16-годишно момче.

    Учениците бараа да има правда за убиството на нивниот соученик, 16-годишниот Бехар од Ново Село, чие безживотно тело беше најдено на 22 декември во реката Пена кај месноста Бањиче.

    На 23 декември СВР Тетово и Обвинителството објавија дека по првичниот увид осомничена е 17- годишна девојка која доби и притвор. Таа денеска беше донесена во Судот, но од таму не дадоа информација која е причината.

    – Убиецот има име, бараме правда за Бехар – извикуваа учениците.

    Шеснаесетгодишникот беше најден во реката Пена кај месноста Бањиче, а по увидот и наредба на Обвинител врз телото беше направена обдукција. Ден подоцна надлежните информираа дека седумнаесетгодишна девојка е осомничена за убиство со умисла на 16-годишното момче.

    Освен со девојката, полицијата за настанот направила службен разговор со уште едно малолетно машко лице од Тетово.

    – Малолетничката била задржана во полициска станица, додека малолетникот бил ослободен. По документирање на случајот од страна на судија во претходна постапка во Основен суд Тетово, на малолетничката ѝ била определена мерка притвор во траење од 30 дена и била спроведена во Казнено- поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, соопшти СВР Тетово на 23 декември.

    Седумнаесетгодишната девојка е од тетовско Рогле.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img