More

    Тетовци излегоа на протест за поддршка на лекарот Бобан Вучевски

    spot_img

    Жители на Тетово се собраа пред зградата на Основен суд во знак на поддршка на лекарот Бобан Вучевски, еден од обвинетите за пожарот во тетовската модуларната болница во кој животите ги загубија 14 луѓе во септември 2021 година.

    Граѓаните се собраа пред денешното продолжување на судскиот процес кој започна на 7 декември.

    Дел од насобраните граѓани во изјави за медиумите истакнаа дека дошле да му дадат поддршка на лекарот, сметајќи дека неправедно е обвинет.

    Според граѓаните, за пожарот не постои лекарска вина и нема логика лекар да одговара за пожар.

    – Јас не сум да се амнестираат виновници, но вистинските виновници не се кријат овде денеска во судот, тие треба да се најдат таму каде што се. Да се работи за лекарска грешка во ред, тука не се работи за лекарска грешка – изјави жител на Тетово.

    Друг жител за лекарот сподели дека за време на кризата тој го дал својот максимум и покажал како треба еден лекар да изгледа, човек кој се грижи за граѓаните.

    – Обвинителството да размисли за своите предлози – изјави тој.

    Жителка на Тетово посочи дека се собрани за поддршка на лекарот Вучевски, кој, како што рече „беше 24 часа достапен за време на ковид-кризата”.

    За пожарот во модуларната болница покрај лекарот Вучевски обвинети се двајцата тогашни директори Флорин Бесими и Артан Етеми и Клиничка болница како правно лице.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img