Дојава за бомба која направи да биде евакуирано основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола ги премисли наставниците и родителите околу новогодишната приредба. Тие одлучиле приредбата да биде одржана во дворот во куќата на една од ученичките за да не пропаднат подготовките кои траеле цел месец, јавува порталот Деца.
Приредбата поминала во најдобар ред, а дошол и Дедо Мраз.
Вчера дојави за бомби на електронските адреси добија две основни училишта во Битола – „Стив Наумов“ и „Тодор Ангелевски“, поради што учениците и наставниците беа евакуирани, а наставата не се одржа.