Д-р Беким Поцеста од Дебар е главниот адут на Алијанса за албаницте за ресорот Здравство во новата валда која треба да финишира веднаш по новогодишните празници.Редакцијата Охридскај прва обзнани на 9-ти Октомври 2022 година за влзеот на Алијанс за албнаците влегува во владиното мнозинство,но се чекаше официјален избор на Таравари за лидер на Алијанса за албанците , по оставката на Зијадин Села.
Редакцијата Охридскај под наслов :„ ЕКСКЛУЗИВНО: АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ влегува во владина коалиција, еве што бараат и што ќе добијат во новиот владин состав“ ги обзнани преговорите помеѓу Алијансата за албанците ,СДСМ и ДУИ,но и што и кој ресори ги бара Арбен Таравари.
Арбен Таравари ги давал своите пратеници во собраниео на РСМ во новото владино мнозинство, но ги барал фотелјите во Министерство за здравство на РСМ, Управата за јавни приходи, Вице премиер -заменик премиер,досегашниот ресор со кој управуваше Артан Груби, директорската позиција во Царинска Управа на РСМ, директорската функција во Бирото за стокови резерви на РСМ, директорската позиција во Централен Регистар на РСМ. Лотарија на Македонија, како и Министерството за Земјоделие на РСМ.
Таравари како клучен ресор го поставил Министерството за здравство за кој ресор го најнапред во првичните разговори го предложил Офтамологот Беким Татеши,но сега за свој фаворит за оваа позиција го предлага кај Ковачевски Д-р Беким Поцеста од Дебар,кој беше и кандидат за градоначалник на Дебер од АА на минатите локални избори.
Нашиот извор од Алијаса за Албанците на РСМ брифира дека Арбен Таравари од овие позиции нема да остапи, поточно ќе барал дупло повеќе ресори, него што Алијансата за Албанците имала во владата во 2017 година. Според истиот извор лидерот на ДУИ Али Ахмети веќе имал интензивни контакти со Арбен Таравари 2 месеци, интензивно, во кои разговори Ахмети се согласил да жртвува дел од своите ресори во интерес на опстанок на Владата. Според истиот извор политичката партија Алтернатива, ќе ги ослаби своите позиции во владеечката структура, согласно бројот на пратеници со кои располага во републиското собрание во моментов, но и доколку истата не биде дел од мнозинството со влегувањето на Алијанса на Албанците во владина коалиција, и без Алтернатива Владата би била стабилна.Д-р Беким Поцеста од Дебар е познат низ целиот регион и пошироко по неговиот извонреден придонес како неуморен доктор во служба на здравјето на граѓаните. Тој е познат по својата работа, професионалност, однесување и искреност за време и надвор од практикувањето на оваа професија колку и да е тешка и благородна.Покрај професионалните обврски, Поцеста е познат и како поддржувач и активист на разни културни и граѓански иницијативи, а е и еден од основачите на фестивалот „Албански театар во Македонија“. Познат е по скромноста и искреноста што го карактеризира.
Беким Поцеста е роден во Дебар 1968 година, оженет е и татко на две деца. Дипломирал на Медицински факултет, по што специјализирал кардиологија. Работи во Клиниката за кардиологија во Скопје, каде во еден период беше и директор.