Љубовниот живот на пејачката Наташа Беквалац отсекогаш привлекувал големо внимание во јавноста, а не изостанале ни шеги кои и таа самата ги правела на сметка на трите пропаднати бракови кои ги има зад себе.
Како што пренесува српски „Ало“, Наташа Беквалац, покрај убавите спомени од американската турнеја, од другиот континент „донела“ и додворувач кој не се откажува од идејата да ја освои.
– Американската турнеја на Наташа ја воодушеви тамошната публика и се покажа како една од најуспешните во последните години. Луѓето беа луди по неа, нејзината енергија и убавина, а таа се трудеше да ги запознае сите кои сакаат да се сретнат или да се фотографираат со неа. Меѓутоа, на нејзиниот настап во Њујорк се појави човек кој беше толку опседнат со неа што не му беше доволно случајно познанство, па веќе два месеци е решен да ја освои по секоја цена – вели извор близок до пејачката, а открива дека човекот успеал да дојде до домашната адреса на Наташа, на која ѝ испратил скап подарок како доказ дека има сериозни намери.
– Колку овој моќен маж од Њујорк полудел по неа стана јасно откако успеал да ја најде нејзината адреса и ѝ испратил букет од 300 црвени рози со дијамантски прстен. Сè додека не го видела прстенот, таа верувала дека цвеќињата дошле од обожаватели. Била шокирана кога покрај пораката во која момчето го открило идентитетот и ѝ понудил брак, здогледала прстен вреден повеќе од 15.000 евра – наведува изворот, со тврдење дека поп ѕвездата размислува на кој начин да го врати прстенот.
– Сѐ уште е шокирана од тоа што овој човек ѝ ја нашол адресата на која живее и е решена да го врати прстенот и културно да ја одбие неговата понуда. Иако делумно ѝ е симпатично што тој толку се потрудил, не сака да задржи ништо толку скапо од маж со кој не ни планира да излезе на состанок. Од друга страна, не сака да има директен контакт со него и да навлегува во подлабока приказна, па најверојатно некој од нејзиниот тим наскоро ќе го контактира и ќе му се заблагодари за изненадувањето, но и ќе го врати скапиот дијамант назад – додал изворот.