Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека западните земји наскоро ќе се соочат со ситуација кога нивната способност да „управуваат” со глобалната економија ќе се намали.
Тој на работниот состанок со претставници на руските медиуми, укажа дека во тој случај сакале или не, западните земји ќе мора да преговараат.
– Во блиска иднина ќе видиме намалување на можноста на Западот, многу сериозно намалување на можноста да управуваат со светската економија така како што тие сакаат, а сакале или не, ќе мора да преговараат – порача Лавров.