Во Србија, во периодот јануари-ноември, бројот на живородени е 56.807, што е за 159 или 0,3 отсто повеќе во однос на истиот период од претходната година, објави Републичкиот завод за статистика.
Бројот на умрени лица во периодот јануари-ноември изнесува 102.126 или за 21.366 помалку од истиот период во 2021 година, што е пад од 17,3 отсто.
 
							 
								 
			

 
 
                                
                             
















 
		 
		 
		 
		 
		 
		







 
		 
		 
		 
		