Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи вчера наполни 47 години. Но, на Фејсбук луѓето ги коментираат фотографиите од нејзината свадба кои без дозвола ги објавил фотографот Никола Комисаров. Русинката се венчала во 2005 година во Њујорк со бизнисменот Анреј Захаров, а фотографиите се речиси вулгарни, слично на онојпат кога таа пред неколку месеци се сликаше јадејќи јагоди.
Во бели чорапи и модерна венчаница со кратко здолниште Захарова се бакнува со Андреј во бела лимузина пред рускиот конзулат во градот, каде била вработена, додека нејзините веѓи се исцртани со молив. На свадбата имало „доволно гости – само двајца“, изјавила таа во една прилика.
Захарова стана позната по своите остри изјави кон Западот откако почна војната во Украина.