Носечката единицa од трансформаторот за Блок 3 во РЕК Битола пристигна во кругот на комбинатот, информираат од АД ЕСМ.
„Следува фаза на монтирање и процес на пуштање во производство на блокот во следните десетина дена. Со тоа се создава можност во јануари да работат сите три блока во РЕК Битола, како и сите други електрани со максимален капацитет“, соопшти ЕСМ.
Производството на АД ЕСМ, се посочува во соопштението, во моментот достигнува речиси 19.000 мегават часови електрична енергија дневно и со него се покрива целосно регулираниот пазар, односно домаќинствата и малите потрошувачи, како и најголемиот дел од дополнителните снабдувања по одлуки од Владата.
„Само мал дел електрична енергија се набавува. Со третиот блок планирано е производството уште повеќе да се зголеми“, посочуваат од АД ЕСМ.