Спортскиот суд во Мадрид ја одби жалбата што Барселона ја поднесе за казната на полскиот напаѓач Роберт Левандовски од три натпревари неиграње поради исклучувањето на дуелот против Осасуна одигран на 8 ноември, јавија денеска шпанските медиуми.
Одлуката значи дека Левандовски ќе ги пропушти првенствените натпревари против Еспањол, Атлетико Мадрид и Хетафе, но ќе има право на настап во шпанскиот Куп на кралот и Суперкупот.
За Левандовски тоа прво исклучување во кариерата од февруари 2013 година кога доби црвен картон во дресот на Борусија Дортмунд.