More

    „Сончева гора“ напролет ќе изобилува со зеленило

    spot_img

    Во изминатите два месеци се реализираше акцијата за пошумување со шумски насади наречена „Сончева гора“ во чии рамки Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со „Национални шуми“, волонтерите на „Пивара Скопје“ и локалното население засадија околу 40.000 дрвја – 10.000 во Ќојлија (Петровец) и 30.000 во Велес, во близина на езерото Младост, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

    – Со оваа акција се реализираше ветувањето што беше дадено оваа пролет од „Пивара Скопје“, „Мен енд Маунтен“, и „Пакомак“, поддржани од Министерството за животна средина и просторно планирање, по акцијата за чистење на отпад – „Генералка викенд 2022“ – за секои 10 килограми отпад што ќе се соберат, да се посади по едно дрво. Еко-акцијата беше спроведена во 26 општини ширум земјата, а во неа учествуваа над 8000 волонтери, со што заслужено го доби приматот – најмасовна еколошка акција која досега била спроведена во нашата земја – соопштуваат од МЖСПП.

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ја поздрави акцијата и ја истакна важноста на ваквите акции и заложбата за заеднички придонес кон подобрување на квалитетот на живот во нашата држава.

    – Драго ми е што по „Генералка викенд, ова е прва од десетте вакви акции кои ќе следат. Тука сме да дадеме максимална поддршка, но воедно и да ги поттикнеме сите заедно да се приклучат. Зелената транзиција е еден од петте приоритети на Министерството, нашата цел и фокус е да го промениме начинот на размислување, навиките, но и да дадеме поддршка на она што значи живот. Секое едно дрво значи живот – вели министерот Николовски.

    – Горд сум на сите волонтери и пиварци кои беа дел од оваа акција и им честитам од срце за постигнатиот успех! Заедно со нашите партнери посадивме 40.000 дрвја. За „Пивара“ Скопје, ова е исклучително важно бидејќи ни помага да ги споиме двете најважни стратешки иницијативи – „Свет без отпад“ и сета посветеност која ја имаме за намалување на јаглерод диоксид. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите наши партнери да ни се придружат и заедно да ја направиме нашата земја уште подобро место за живеење -вели Генералниот директор на „Пивара“ Скопје, Горан Сладиќ кој го изрази своето задоволство за неверојатниот успех и позитивни резултати од оваа акција и повика на уште поголема масовност во акциите што следат.

    Поздравувајќи ја иницијативата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, им го честита успехот на организаторите на големата еко акција.

    – Трансформација на приближно 400 тони собран отпад во дрвни насади и со тоа создавање на „Сончева гора“ е видлив бенефит за сите! Ова е одличен пример како правилниот однос кон отпадот, волјата да се собира и рециклира, вклучувајќи иновативен пристап и креативност, од отпадот од минатото може да се гради зелена иднина – истакна Нуредини.

    Од МЖСПП нагласуваат дека целта на „Генералка викенд“ и „Сончева гора“ е да се исчисти земјата од отпадот на минатото и да се рециклираат во зелена иднина во следните 10 години – од 30-ти до 40-тиот роденден на нашата земја.

    – Сите слоеви на општеството надвор од сите етнички, социјални и политички граници ги здружуваат силите за да направат одржлива промена во начинот на кој постапуваме со нашата животна средина и управувањето со отпадот. Горди сме на сите луѓе во нашата земја, кои избраа да ја направат вистинската работа: чување и грижа за нашата земја со цел градење иднина за нас и за генерациите што доаѓаат – споделија Гордана Софија и Ханес Јаецкл од „Мен енд Маунтен“.

    Целокупната неопходна инфраструктура за собирање, селекција и соодветен третман на отпадот ја обезбеди „Пакомак“.

    – Акцијата е добар пример визуелно да се прикаже циркуларноста на отпадот. На секои 10 килограми отпад што ги собравме изминатиот период, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донираше по едно дрво кое денеска го садиме. Ова е уште еден доказ дека со селекција на отпад и правилно управување со истиот можеме да придонесеме за позелена планета – вели Филип Ивановски, извршен директор на „Пакомак“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img