Од како Охридскај обзнани дека надвор од функција е хируршкиот блок во ЈЗУ Општа Болница Охрид,поточно дека 3 од 4 апарати за анестезија се надвор од функција и дека се вршат само итни хирушки зафати,синоќа пуштен во употреба бил уште еден апарат за анестензија, со цел да се намалел судот на јавноста врз охридската болница и врз министерот за СМРТ Беким Сали.
Се барале лекари виновници кој ги брифирале новинарите!!!
ВД Директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид Асен Шајн, во тандем со уште некој лекар од хируршјиот оддел, три дена воделе специјални војни во болницата со замилен противник – лекар кој ги брифирал новинарите за катастрофалните состојби во охридската болница?! Во текот на вчерашниот ден големиот менаџер Шајн поддржан од уште еден лекар , дошле до фантастична идеја после цел месец да поправат еден од апаратите за анестезија, но веднаш на прогарм за оперирање да бил ставен хирургот Мирко Лекоски за два хируршки зафати врз пациенти со Канцер,како би се демантитрале написите на Охридскај,дека ете во болницата се вршеле и такви операции!!
Небитно е нивното докажување , макар и тоа да е крајно глупаво, најбитно во целата таа сага е пациентите да бидат задоволни,а не лекарите, маникените од директори поставени од министерот за СМРТ Беким Сали,најмалце ние новинарите…
Тотален распад на охридската болница…
Доколку своевремено лекари од охридската болница додатно ја опслужуваа болницата во Кичево поради немајне на лекарски персонал во болницата во Кичево,во овој момент болницата во Охрид наликува полошо од онаа состојба во Кичево, со таа разлика што во Кичево имаше лекри, а во Охрид граѓаните се упатуваат во Струга.Не се работи само за делот на Педијатрија, како е тргната хајката и пизмата на менаџментот и на лекарите помеѓу себе, не е далеку оној момент кога и лекарите ,кој патем се едни од наједуцуираните и најстручни кој ги има македонското здарвство, ќе го напуштат овој хорор на меѓу човечки односи и ќе заминат во приватното здравство..
Како редакција јавно го повикуваме ВД директорот на ЈЗУ Општа болница Охрид ,да даде јавен увид во работењето на лекратите .Да изнесе бројки кој лекар хирург колку оперативни хируршки зафати имал во 2022 година во делот на Хирургијата? Да даде одговор зошто одделот за ОРЛ ,кој патем е негов матичен оддел во 2021, 2022 година немаат ниту една хируршка интервенција, но и да даде зошто пациентите ги упатувале на клиниката за ОРЛ во Скопје и во приватните болници за банални хируршки интервенции??
Како што дознава редакцијата Охридскај,конкретно за хируршките гранки на охридската,веќе двајца лекари хирурзи заминале во Пензија во 2022 година.Веднаш на почетокот на 2023 заминува во пензија уште едно хируршко еминентно име,кој не можел повеќе да ги трпи глупавите матни игри последниве 6 месеци,„Не работат ништо , имаат по 8 операции во сала ,а само озборуваат,полни се со злоба и пизма во себе.Ние кој си ја сакаме работата, за нив сме неподобни,зошто наместо да озборуваме и по цел ден не седиме на удобните фотелји,не се лижеме кај директорот,ние сме биле злото на болницата!Сега ќе си заминам и јас ,па да видам како тие маникени ќе се справат со пациентите,или ќе тераат бизнис со упати со приватните клиники.Срамно е да пишуваат „Десет божји заповесто за во хируршка сала“ ,да ни забрануваат да го пренесуваме искосутвото на нашите млади колеги, да не сме влегувале со нив во сала, да сме влегувале со постари лекари!Ако е така зошто тие не влегуваат во сала, или толку им држи знаејнето/!“,ќе изнесе лекарот за Охридскај.Но уште едно еминетно лекарско име ја напушта охридската болница,причините буквално исти: „Вакво лудило нема ниту во болницана во Демир Хисар.Ако работиш и ако бараш дисциплина ,тогаш оние кој имаат за жал само титула на лекар пред нивното име,а не работат ништо, најмногу им пречи човек кој си ја сака својата професија и кој сака максимално да се посвети на неговата професија да лекува луѓе, тогаш ти си неподобен ,те барале граѓани тебе ,а не нив, кој патем речено на дежурстава се пијанчат,спијат и се дрогираат,срамно е на какво дереџе ја донесоа болницата…..“