More

    Министерството за култура не дало никаква дозвола

    spot_img

    Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска информираше дека е испратена соодветна пријава до МВР поради рушењето на објектот „Шар” во старата скопска чаршија и одново градење без дозвола.

    Таа на денешната прес-конференција во одговор на прашање потенцираше дека објектот „Шар” е под надлежност на Управата за културно наследство и разговарале со директорот на Управата, бидејќи е незаконско рушење и незаконска е градбата на нов објект.

    – Објектот „Шар” е под надлежност на Управата за културно наследство, но тоа не значи дека Министерството за култура не е во тек со тоа што таму се прави. Исративме соодветна пријава до МВР и сега МВР треба да постапи за сега ние понатаму да можеме да видиме, да се преземат соодветни мерки во однос на тоа кој се осмелил да руши и да гради наново без никаква дозвола, додаде Костадиновска-Стојчевска.

    Инаку, овој објект кој што е лоциран во Старата скопска чаршија, е урнат до темел, а во моментов на негово место се гради нов објект.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img