More

    Криминал во управата за водење матични книги, поднесена кривична пријава

    spot_img

    Против тројца вработени на високи функции во Управата за водење матични книги и против една фирма за дигитална техника поднесена е кривична пријава под сомнение дека наместиле тендер за набавка на компјутери, со цел да победи конкретната фирма, и тоа по цени далеку повисоки од пазарните. По реализирање на тендерот фирмата склучила довговор со Управата за сервисирање на компјутерите и одржување на мрежата за одреден месечен надомест, а потоа двојно ѝ фактурирала на Управата за услуги кои воопшто не биле извршени. Функционерите на управата тоа без забелешки го исплаќала, за што биле „поттикнати“ од фирмата. Со тоа осомничените и фирмата ѝ нанеле финансиска штета на Управата за матични книги, која се проценува на 2.836.260 денари (околу 46.000 евра) за поскапо платените компјутери и уште 2.157.042 денари (околу 35.000 евра) за нереализирани услуги.

    Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица и едно правно лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување” од член 353-в ст. 5 вв став 1 од Кривичниот законик, сторено кривично дело поттикнување казниво по член 23 в.в. со кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 5 од Кривичен законик, информираат од Финансиска полиција.

    – Првопријавеното лице, во својство на раководно лице во Управата за водење на матични книги и второпријавеното лице вработено во УВМК, како лица што ги изработиле техничките спецификации и условите за квалитативен избор, поттикнати од третопријавеното лице во својство на сопственик и управител на четвртопријавеното правно лице НОВАТЕК ИНВ ДООЕЛ Скопје, ја злоупотребиле службената положба и овластување на начин што спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, во текот на 2021 година изработиле тендерска документација со дискриминаторски и несразмерни услови за квалитативен избор за јавна набавка на услуги за дигитализација на матичните книги и јавна набавка на компјутерска опрема и за четвртопријавеното правно лице НОВАТЕК ИНВ ДООЕЛ Скопје прибавиле корист – право да учествува во постапка за јавна набавка и да склучи договори на вкупен износ од 35.621.240 денари, известуваат од Финансиска полиција.

    Оттаму потенцираат дека со така дефинираните дискриминаторски и несразмерни критериуми за квалитативен избор и склучениот договор со НОВАТЕК ИНВ ДООЕЛ Скопје, реализирана е набавка на компјутерска опрема за потребите на Управата за водење на матичните книги по цени далеку повисоки од реално пазарните цени и на тој начин пријавените лица предизвикале штета на Управата за водење матични книги во вкупен износ од 2.836.260 денари.

    – Дополнително, прво и второпријавеното лице, поттикнати од третопријавеното физичко лице, во техничките спецификации за јавната набавка на услуги за дигитализација, предвиделе ставка за „техничка поддршка при процесот на внесување на податоци” во висина од 359.507 денари месечен паушал, за кои услуги во моментот Управата за водење на матичните книги имала склучен договор со друг правен субјект и на тој начин без да постои реална потреба кон Управата се фактурира за иста услуга два пати, еднаш од страна на НОВАТЕК ИНВ ДООЕЛ Скопје, и еднаш од страна на другиот правен субјект, со што е предизвикана штета на Управата за водење на матични книги во вкупен износ од 2.157.042 денари, соопштуваат од Финансиската полиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img