More

    Том Брејди има нова девојка, Мис на Словачка

    spot_img

    Недолго по разводот со Жизел Бундшен, Том Брејди наводно веќе има нова девојка. Американските медиуми пренесуваат дека седумкратниот шампион во НФЛ сега е во врска со 26-годишната Вероника Рајек, која беше Мис на Словачка во 2016 година.

    Речиси 20 години помладата манекенка и инфлуенсерка во неговиот дрес често се појавува на натпреварите од НФЛ, а сподели серија фотографии од стадионот на кои покажа црвен дрес со бројот 12 и со презимето Брејди.

    Вероника пред неколку месеци го украде вниманието на медиумите бидејќи тврдеше дека е совршена жена.

    „Мислам дека луѓето сакаат некако да ми се одмаздат поради мојот успех, затоа и ме навредуваат, но не вреди, сè на мене е сосема природно“, рекла Вероника, истакнувајќи дека себеси се смета за „жена со идеална фигура“.

     

    Гласините за врската на Том и Вероника прв ги проговори претставникот за медиуми на Вероника.

    „Рајек е екстремно поддржувач на Брејди и му посакува да остане фокусиран на играта и работите да се одвиваат на вистински начин. Таа сака Брејди да ја освои својата осма титула“, рекол тој.

    Инаку, Том и Жизел се разделија во октомври оваа година, по 13 години брак во кој добија две заеднички деца, а Жизел беше и маќеа на синот на Брејди, кој го имаше со поранешната девојка.

    Парот лесно се договорил за поделба на старателството, па заклучиле дека и двајцата ќе бидат старатели на нивните деца. Странските медиуми веќе пишуваа дека Жизел пронашла и нова љубов.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img