Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги негираше тврдењата дека испорачувала муниција на Русија.
Јапонскиот весник „Токио Шимбун“ објави дека минатиот месец Северна Кореја испорачала муниција, вклучително и артилериски гранати, во Русија со железница и дека се очекува таквите пратки да продолжат.
Пјонгјанг ги нарече тие тврдења неосновани и апсурдни, пренесува Ројтерс.
Белата куќа во четвртокот објави дека Северна Кореја и доставила ракети на руската приватна компанија Вагнер за да ги помогне нејзините активности во Украина.
Пјонгјанг рече дека такво нешто не се случило и дека Вашингтон предизвикува крвопролевање и уништување во Украина со тоа што го снабдува Киев со смртоносно оружје.