More

    Магла има на патните правци Скопје – Гостивар и Неготино – Смоквица

    spot_img

    Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30 метри има на патниот правец Скопје – Желино – Тетово – Гостивар и од 100 -150 метри на патниот правец Неготино – Демир Капија – Смоквица, информира АМСМ.

    Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

    Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

    Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img