Кабинетот на Битиќи ја коментира одлуката на судот во Париз

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи велат дека арбитражата на судот во Париз за спорот меѓу ОКТА и ЕЛ.ПЕТ Балканики е во полза на Македонија. Тие објаснуваат дека во пресудата компанијата нема право да бара пенали за периодот од 2012 до 2019 година додека ОКТА не работела. Тие велат и дека адвокатски тим ја анализира целата пресуда и дека јавноста ќе биде дополнително информирана за случајот.

„ЕЛ.ПЕТ побаруваше главен долг од 31,590.000,00 американски долари по основ на непотрошен мазут на ОКТА од гарантираната годишна количина од 500.000 тони за годините 2008, 2009, 2010 и 2011 година. Исто така, побаруваше 5 отсто годишна затезна камата сметано од 22.12.2015 година, што во апсолутен износ изнесува околу 11.056.000,00 долари до 22.12.2022 година, како и адвокатски трошоци и трошоци на арбитражната постапка во износ од 1.439.920,00 евра. Вкупното побарување на ЕЛ.ПЕТ Балканики по основ на главен долг и камата изнесува 42.646.000,00 долари“, соопшти Кабинетот на Битиќи.

Оттаму прецизираат дека Арбитражниот суд досуди 21.478.797,00 долари за главниот долг од побаруваните 31.590.000,00 долари, како и затезна камата по ЕУРИБОР стапката која е негативна во претходниот период, наместо побаруваните 11.056.000,00 долари.

„Со тоа вкупно досудениот износ по основ на главното побарување до денес е околу 21.478.797,00 долари, што претставува околу 51 отсто од побаруваниот износ со тужбата (42.646.000,00 долари). На ЕЛ.ПЕТ му се досудени и 787.334 евра за адвокатски и арбитражни трошоци од побаруваните 1.439.920,00 евра. Со Пресудата е утврдено дека вкупната количина на потрошен мазут на ОКТА во период 2008-2011 година изнесува 1.204.489 тони, така што на ЕЛ.ПЕТ му следат пенали од 27 УСД по тон за 795.511 тони мазут“, прецизираат од Кабинетот на Битиќи.

Спорот траеше од 5 декември 2018 година, а застапник на државава беше адвокатската куќа Дехерт од Париз.

Share This Article