ВМРО – Народна партија во врска со информацијата дека Северна Македонија го има изгубено процесот со „Хеленик Петролеум“ на Арбитражниот суд во Париз, се огласи со соопштение со кое, како што вели, сака да појасни неколку работи.
„Казната против Северна Македонија не е донесена затоа што е потпишан договорот туку затоа што еднострано е раскинат од страна на Северна Македонија. Имено на една година пред истекувањето на петгодишнипот монопол, Уставниот суд на Северна Македонија се прогласи за надлежен дека може да раскинува меѓународни договори, иако низ сите други случаи на меѓународни договори во кои има стапено Македонија, се има прогласувано дека е ненадлежен.
На тој начин само заради нетрпеливоста да се почека уште една година од договорот која требаше да помине, Северна Македонија се доведе во крајно непријатна ситуација.
Во исто време сакаме да потсетиме дека од тогаш па до денес 90 отсто од мазутот во Северна Македонија, вклучително и оваа последна година на голема енергетска криза, го купуваме од Грција, а најмногу од „Хеленик петролеум“ наместо да го прозиведвуиваме во ОКТА“ – се вели во соопштението на ВМРО-НП.