Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници изразува жалење поради одлуката на АД МИА за ставање во мирување на неопределено време на дописништвата во Брисел, во Атина и во Вашингтон

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
57134905 - group of journalists interviewing politician, holding microphones and voice recorders
- Advertisement -
Ad image

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници изразува жалење поради одлуката на АД МИА за ставање во мирување на неопределено време на дописништвата во Брисел, во Атина и во Вашингтон, како и за најавите за непродолжување на договорите за соработка на дописниците од другите европски градови.

„Свесни сме за економската криза, односно за мерките за штедење кои беа наметнати на државните институции и претпријатија, меѓутоа се надеваме дека ќе се направат напори и ќе се изнајдат начини во најкус можен рок дописништвата да не престанат со работа. Сметаме дека не смее да биде дозволено државна новинска агенција како што е МИА да нема свои дописници во едни од најважните главни градови во светот, особено во овој период на комплицирани и предизвикувачки меѓународни односи во светот. Потенцираме дека особено е важно македонските граѓани да бидат објективно и навремено информирани директно од новинари кои се на местото на случување, особено за процеси како што се на пример пристапувањето кон Европската Унија, како во Брисел, така и во другите главни градови на земјите членки на ЕУ. Со ваквата одлука на МИА предизвикана од одлуката на Владата за штедење директно се влијае и на несигурноста на работните места на новинарите и медиумските работници, но и врз стандардите и нормите за објективно и професионално известување за случувањата во светот“, се вели во соопштението.

Владата, како основач на МИА и контролор на нејзината работа, наведено е таму, треба да води особена грижа за присутноста на државната новинска агенција во важните светски центри, и затоа ја повикуваме Владата да изнајде модус за понатамошно соодветно и комплетно функционирање на овој медиум.

Share This Article