Ангеловска-Бежоска на конференција на ОН: За забрзан економски раст важна улога има здравиот банкарски сектор којшто поддржува зелена и дигитална трансформација на економијата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Здравиот и развиен финансиски сектор е значаен за поттикнување на економскиот раст.  Финансискиот систем што е доволно голем, диверзифициран, добро регулиран и сфатен може да придонесе за подобар животен стандард и унапредување на социјалната инклузија, намалувајќи ја со тоа сиромаштијата.“ Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата „Сиромаштијата, економскиот раст и финансискиот сектор“ којашто се одржа во рамките на Годишната конференција на Обединетите нации, со наслов „Поглед подалеку“.

 „Во земјите од Западен Балкан, вклучително и во нашата, финансискиот систем е банкоцентричен, со што банките имаат клучна улога во финансирањето на реалната економија со постојано солидно темпо во изминативе неколку години на кризи. Задржаната кредитна активност и во услови на криза во голема мера се должи на научените лекции од глобалната финансиска криза во светски рамки и зајакнатата регулатива во согласност со измените на меѓународните и европските стандарди, со чија помош банките ги пресретнаа предизвиците со зајакнати биланси и подобра способност за справување со ризици“, наведе гувернерката Ангеловска-Бежоска.

 Говорејќи за натамошна поддршка на растот и побрзо приближување до доходот на Европската Унија, гувернерката додаде дека е значајно да продолжи трендот на раст на финансискиот систем, вклучително и на банкарскиот систем. Притоа истакна: „Исклучително е важно банките да продолжат со јакнење на отпорноста и стабилноста на билансите, што заедно со обемот на финансиски потенцијал, е предуслов за соодветна кредитна поддршка на економијата. Важен е и развојот на пазарите на капитал коишто во целиот регион се недоволно развиени, а можат да бидат значаен извор за финансирање особено на малите и на средните претпријатија коишто вообичаено имаат потежок пристап до финансирање од банкарскиот сектор.“

 Ангеловска-Бежоска посочи дека иако здравиот и развиен финансиски сектор не може да биде замена за структурните реформи што се клучни за долгорочен економски раст, сепак тој може да даде значителна поддршка за економијата, особено во вакви периоди на криза коишто ги нагласуваат структурните слабости на економијата и потребата за енергетска и дигитална трансформација.

 Во изминатиот период се согледува сѐ поголема поддршка на банкарскиот систем на проекти за енергетска трансформација на економиите, при што во домашната економија зеленото кредитирање во изминативе три години е зголемено за 80%. За посилен економски раст е важен и финтек-секторот, којшто сѐ уште е мал, но расте во земјите од Западен  Балкан. Финтек-секторот има потенцијал да ја зајакне финансиската инклузија и да го унапреди финансискиот сектор, за што е важно и натамошното зголемување на финансиската и дигиталната писменост. 

 На панел-дискусијата, покрај гувернерката на Народната банка, учествуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, програмскиот лидер за земјите од Западен Балкан на Светската банка, Ричард Рекорд и претставничката од УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани.

Share This Article