Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ги демантира информациите дека била донесена одлука да нема погреби на Свети Никола, на првиот ден на Божик и на Велигден, како и на задушница

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ги демантира информациите дека била донесена одлука да нема погреби на Свети Никола, на првиот ден на Божик и на Велигден, како и на задушница, иако, како што велат оттаму, за тоа се разговарало.

„По барање на дел од свештенството од Скопската епархија да не се извршуваат погребенија на празникот на светиот Николај Чудотворец, во саботите на Духовденската и Митровденската задушница, и на првиот ден на Божик и na Велигден, беа остварени средби со раководството на АД Бутел, на коишто се разговараше за таа можност. Но, конечно, таква одлука не беше донесена“ – се вели во денешното соопштение од Скопската православна епархија.

Во соопштението се додава дека поради одредена меѓусебна некоординираност, од некого било погрешно пренесено дека таква одлука има и оти веќе на 19 декември не треба да се извршуваат погреби.

„Како последица на тоа дојде до несаканите случувања. Затоа, уште еднаш истакнувајќи дека за тоа беше само разговарано, а не и одлучено, известуваме дека погребенијата ќе продолжат да се извршуваат секојдневно, како, впрочем, и досега“ – се нагласува во соопштението од Канцеларијата на Скопската православна епархија.

Share This Article