Полска гранична служба: Момче од Украина не ја поминало само границата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По видеото кое го обиколи светот, а на кое се гледа момче од Украина кое, како што тогаш беше наведено, „ја минува границата липајќи“ без придружба на своите родители, реагираше полската гранична служба која ги демантираше овие тврдења.

Имено, Граничната служба изјавила дека четиригодишното момче Валериј од Украина не ја поминало сам границата, туку дека е со семејството, а од службениците на граничниот премин Медика добивал слатки.

Тие исто така нагласија дека момчето и неговото семејство се безбедни во Полска.

Да потсетиме, Си-Ен-Ен сподели шокантно видео на Ројтерс кое набрзо стана вирално, на кое момчето е прикажано сам во зимска јакна и пластична кеса во рацете како плаче како ја преминува границата со Полска.

Во тој момент никој не се движел покрај него, па било пријавено дека момчето дошло од Украина сам и без придружба на родителите.

Share This Article