ЌЕ ПОЕВТИНИ СТРУЈАТА ЗА МАЛИТЕ ФИРМИ За домаќинствата малку ќе поскапи

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ќе направиме се што е во наша надлежност да нема драстично зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, а ќе има намалување за малите потрошувачи – за микро и малите компании, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Намалување на цената за малите потрошувачи ќе има заради тоа што веќе се стабилизираат цените за електрична енергија и за природен гас на светските берзи. Тоа дозволува ние да можеме да интервенираме за да бидат поконкурентни нашите микро и мали компании не само на нашиот пазар, туку и во регионот и пошироко – рече Бектеши во одговор на прашање пред почетокот на одбележувањето на јубилејот „90 години Занаетчиска комора Скопје”.

Тој нагласи дека е сигурно оти ќе има намалување на цената на електричната енергија за малите потрошувачи на регулираниот пазар.

– Веќе се обезбедени средства за тоа, а вчера помина и акцискиот план со поддршка на Европската Унија. Очекуваме кон средината на јануари да ги добиеме и средствата од ЕУ со кои ќе можеме директно да ги помогнеме микро и малите компании. Во делот на домаќинствата, граѓаните кои трошат помалку ќе плаќаат помалку, а оние кои трошат непотребно и имаат простор да трошат, ќе плаќаат повеќе и такви ќе бидат и цените – прецизира Бектеши.

Тој оцени дека недозволеното преминување од слободен на регулиран пазар на струја е дополнителен товар за домаќинствата и малите потрошувачи

– Не може да се направат дополнителни трошоци на регулиран пазар од каде со електрична енергија се снабдуваат домаќинствата од компании, кои прават профит или компании кои не заслужуваат или, пак, не се предвидени со Законот за енергетика да бидат на регулиран пазар – рече Бектеши.

Ако одредени потрошувачи, а ги има околу 3.100 броила, што значи над 2.000 правни субјекти, одат од слободен на регулиран пазар, се зголемува трошокот од Буџетот.

– Тоа значи дека товарот оди кон домаќинствата и микро и малите компании кои навистина имаат потреба од помош. Јас тоа нема да го дозволам – рече Бектеши во одговор на прашање пред почетокот на одбележувањето на јубилејот „90 години Занаетчиска комора Скопје”.

Share This Article